Утрински Весник
Магазин

Најстарата мачка на светот, Рози, почина на 33-годишна возраст

1708002705 WhatsApp Image 2023 01 22 at 23.22.13.jpeg

Мачката Рози, за која се веруваше дека е најстарата мачка на светот, почина на 33-годишна возраст.

Рози починала оваа недела во ходникот од својот дом во Норвич, Норфолк, а покрај неа била нејзината сопственичка Лила Брисет (73), објави Њујорк пост.

Родена во 1991 година, таа беше неофицијален носител на титулата „најстара мачка на светот“, која сега ја презеде 28-годишната мачка Флоси од Кент, родена во 1995 година.

Можете да прочитате

„Повторно на стаза“ во Маврово: Настан за рециклирање и размена на спортска опрема

Што открива денот кога сте родени

Ненадејно почина Елвис Мекиќ, братот на пејачот Елвир Мекиќ