Утрински Весник
Македонија
Img 7972

На шест лица осомничени во случајот во М-НАВ мерките притвор им се заменети со мерки за претпазливост

M nav.jpg
Img 7972

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска доставил предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство, односно мерките притвор и куќен притвор, за 6 лица осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст. 2 вв со чл. 22, а поврзани со случувањата од 4 – ти јануари во М-НАВ, и определување на мерки за претпазливост, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

– Постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител, а ценејќи ги приложените факти, судиите на претходна постапка, го прифатија предлогот на Јавниот обвинител и  донесоа решенија со кои за А.О., Р.Б. и Љ.Ќ. ја укинаа мерката куќен притвор, додека за С.Ш., О.А. и Е.С. ја укинаа мерката притвор  и им определија мерки за претпазливост од чл. 146 ст.1 т.1,2.3 и 6 односно, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Обврска обвинетиот да се јавува во судот и Забрана за приближување или воспоставување врска со одредени лица, се појаснува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Против овие решенија, се наведува во соопштението, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд. 

Можете да прочитате

(Фото) Заев се појави на митингот на СДСМ во Струмица

Филипче од Радовиш: Откупните цени никогаш не биле пониски, ДПМНЕ го обезвредни трудот на земјоделците

Мицкоски: Филипче ја доведе СДСМ до тоа дереџе во некои општини да биде трета, а некаде и четврта партија