Утрински Весник
Магазин

На повидок ТВ-серија базирана на сагата за Хари Потер

На повидок ТВ-серија базирана на сагата за Хари Потер

Книгите за малиот волшебник Хари Потер, најверојатно, ќе се адаптираат во ТВ-серија, дознава „Дедлајн“.

dobivaj vesti na viber

Книгите од авторката Џ. К. Роулинг најславно ги адпатира „Ворнер брос“ во филмски серијал вреден милијарди долари, во кој Даниел Ретклиф го глуми титуларниот лик на момчето волшебник заедно со Ема Вотсон и Руперт Гринт.

А сега филмскиот гигант наводно е во преговори со најпродаваната авторка за да донесе нови адаптации на нејзините романи за својот стриминг-сервис „Ејч-би-о макс“.

Според „Дедлајн“, најпродаваната авторка преговара за договор што ќе ѝ овозможи да биде продуцент на серијата, а штом договорот ќе биде финализиран, проектот ќе треба да бара сценарист или писател што ќе ги адаптира книгите за ТВ.

Серијата – која наводно е во почетна фаза во моментот – ќе ја следи општата идеја дека секоја сезона ќе се фокусира на еден од седумте романи.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста