Утрински Весник
Македонија

Министерството за правда испрати барање за номинација на претставници во работната група за уставните измени

Министерството за правда испрати барање за номинација на претставници во работната група за уставните измени

Министерството за правда испрати писмени дописи со барање за номинација на претставници во работната група за измени на Уставот на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Дописи, според соопштението, се испратени до Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања, парламентарните политички партии , експерти кои имаат познавања на уставната материја.

Рокот за номинирање на претставник е најдоцна до 10.04.2023 година.

Во барањето за номинација е наведено дека во интерес на исполнување на нашата обврска која произлегува од преговарачката рамка која ја усвоиле 27 земји членки на ЕУ, потребно е политичко обединување со цел да се загарантира европската перспектива на нашата држава.

За таа цел, според наведното потребно е да се определи претставник кој има познавање од областа на Уставното право кој активно ќе учествува во работната група при изготвувањето на уставните измени

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва во Кисела Вода

Мицкоски: Германија останува наш сојузник и силен подддржувач

Нови детали: Затвореник вечерва пукал кон член на групата Грчец