Утрински Весник
Македонија

На Попова Шапка утрово -12 степени, во Крушево 24 сантиметри снег

Dozd Sneg Vreme 585x431 1.jpg

На Попова Шапка утрово е -12 степени, а во Крушево има 24 сантиметри снег, информира УХМР. Висината на снежната покривка е 22 сантиметра во Битола, 18 во Охрид, 14 во Маврови Анови, 12 на Попова Шапка, 7 во Претор, 5 во Тетово, 4 во Берово и 1 сантиметар во Прилеп.

До 08:30 часот се измерени -7 степени во Маврови Анови и Крушево, -6 во Охрид, -5 во Тетово и Претор, -4 во Битола и Берово, -3 во Крива Паланка, -2 во Прилеп и Виница, -1 во Куманово и Штип, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Струмица, 1 во Велес и Демир Капија, 2 во Кавадарци, како и 4 степени во Гевгелија.


Изминатите 24 часа најмногу врнежи имало во Пожаране, 22 литри на метар квадратен, во Крушево наврнале 21 литар, 19 во Охрид и Маврови Анови, 15 во Тетово, 14 во Битола, 13 во Претор, 10 на Попова Шапка, 6 во Виница, 5 во Прилеп, 4 во Берово, 3 во Крива Паланка, 2 во Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, како и 1 литар на метар квадратен во Штип, Демир Капија и Струмица.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h), особено долж Повардарието. Дневната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени. Во Скопје променливо облачно, ветровито и студено со умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец и температура до 8 степени.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски се заканува, со контра Резолуцијата се потврди дека мигранти ќе има

Македонија бележи значаен реформски напредок во енергетиката

МВР со детали за пожарот во кругот на фабрика на подрачјето на Гази Баба