Утрински Весник
Македонија

На Попова Шапка најстудено и најмногу снег

20241203083443 Big 730x400 70.webp.webp

Најстудено утрово е на Попова Шапка -4 степени, а таму има и највисока снежна покривка од 43 сантиметри, соопшти УХМР.

Под нулата е и во Берово со -1 степен, нула во Крушев, еден во Прилеп и Струмица, два во Битола, Демир Капија, Штип и Кавадарци, три во Охрид, четири во Гевгелија, Велес и Куманово, а шест степени се измерени во Скопје.


Во Маврови Анови има 29 сантиметри снег, а во Крушево шест.

Претпладне по одделни котлини, особено во Пелагонија ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе има услови за појава на слаба магла, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Можете да прочитате

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци

(Најнова вест) Тешка сообраќајка по верижен судар на скопска обиколница

Николоски: Авиолиниите Женева и Париз ги воведуваме за дијаспората