Утрински Весник
Македонија

“На овој ден ја славиме херојската борба на борците за слободa на нашата држава” Африм Гаши го честита Денот на народното востание

Afrim Gashi.jpg

Претседателот на собранието, Африм Гаши го честита 11 Октомври

Во име на пратениците и во мое лично име ви го честитам 11 Октомври – Денот на народното востание.

На овој ден се потсетуваме и ја славиме херојската и беспоштедната борба на борците за слободa на нашата држава. Без оглед на влогот, пречките и потешкотиите на кои наидуваа во нивната борба, тие опстоија и се изборија за слободата во која живееме денес.

Денес, Република Северна Македонија, повторно е на вистинскиот пат. Таа е дел од НАТО и рамо до рамо со најмоќните сојузници.

На нас како нова генерација политичари е да ја продолжиме праведната борба – денес се бориме за подобри стандарди, за просперитет, за европска иднина на Република Северна Македонија. Во денешната борба може да успееме само ако сме сплотени, здружени и единствени.

Честитајќи ви го 11 Октомври, повторно повикувам на обединување на сите граѓани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите други, да се обединиме и да ја добиеме битката за подобро утре за сите нас.

Можете да прочитате

„Кој луд купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“

Ужас во Швајцарија: Македонка и нејзиното бебе убиени од сопругот

Грант од ЕУ од 5,5 милиони евра за енергетска ефикасност на студентски домови