Утрински Весник
Македонија

Најмногу дожд во Претор – 24info.mk

Oblacno Ezero.webp.webp

Во изминатите 24 часа до 08 часот изутринава најмногу дожд наврнал во Претор, 26 литри на метар квадратен, по што следуваат Битола, Струмица и Попова Шапка, 7, Охрид, Маврови Анови и Пожаране, 6, Крива Паланка, 5, Скопје-Петровец и Крушево, 4, Прилеп, 2, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Берово, 1 литар – покажуваат мерењата на Управата за хидрометероролошки работи (УХМР).

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне до 29 степени.

Можете да прочитате

Еден месец од исчезнувањето на Љупчо, семејството бара помош

13 возачи уапсени за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќие

Сообраќајка во струшко, две лица тешко повредени