Утрински Весник
Македонија

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, Виница и Струмица

Dozd.jpg

Најмногу воден талог во изминатите 24 часа до 8 часот утрово од 20 л/м2 е измерен во Крива Паланка, Виница, Струмица. Следат со 16 л/м2 Штип и Кавадарци, 14 во Битола и Берово, 13 во Тетово, Прилеп, Крушево, Попова Шапка, 11 Тополчани, 10 Скопје-Петровец, Куманово, 9 Претор, 8 Демир Капија, 7 Скопје-Зајчев Рид, 6 Велес, 5 Охрид, Гевгелија, Лазарополе и 4 л/м2 во Маврови Анови, соопшти УХМР.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 l/m²). До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70 km/h), особено долж Повардарието. Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.


Во Скопје, променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 16 степени.

Можете да прочитате

Уапсени две лица, палеле кабли кај Буково

СДСМ: Транспарентни 244 илјади евра во 2018 година наспроти матни 5,5 милиони евра сега – Обвинителството мора да постапи

Дали Македонија е подготвена за сериозна борба против корупцијата?