Утрински Весник
Свет

Најмалку шест лица се удавија, а две се водат за исчезнати откако силни бранови го погодија брегот на Австралија

20250420112835 big 730x400 54.webp.webp

Рибар почина откако денеска беше однесен од карпите во Австралија, што е последен во серијата смртни случаи од давење што ги засенија велигденските празници. Најмалку шест лица се удавија низ Австралија од откако невообичаено големи бранови го зафатија брегот, јави ДПА.

Полицијата во државата Нов Јужен Велс соопшти дека болничарите не успеале да го спасат рибарот откако брановите го однеле од карпите на југот на Сиднеј. Четиринаесетгодишно момче кое исто така беше однесено во морето е извлечено од водата и е во стабилна состојба во болница, соопшти полицијата.


Во друг инцидент, потрагата се уште е во тек откако 24-годишен маж завчера беше однесен во морето од голем бран додека се движел покрај карпите во источните предградија на Сиднеј.

Уште еден рибар вчера го загуби животот откако беше однесен во морето во државата Нов Јужен Велс.

Една жена го загуби животот, а еден маж се води како исчезнат откако беа однесени во водата во близина на Мелбурн.

„Една од жените успеа да се врати на брегот, но другата жена и мажот не успеаа“, се вели во соопштението на полицијата на државата Викторија.

Педесет и осумгодишен маж за кој полицијата верува дека ловел риба во близина на Волонг, бил однесен во водата и се удавил. Двајца други мажи се удавиле во Мосман и Еден, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс. Се верува дека и двајцата биле однесени од брановите.

Локалните метеоролози ги предупредија Австралијците да бидат особено внимателни во наредните денови поради големи бранови долж брегот на Нов Јужен Велс и околните острови.

Можете да прочитате

Афера го тресе Пентагон, клучен советник буквално истеран од зградата

Британски ловци полетале два пати за да го заштитат воздушниот простор на НАТО од руски авиони

Папата Франциск кратко се појави на балконот на базиликата Св. Петар за благословот Урби и Орби и им го честиташе Велигден на верниците