Утрински Весник
Свет

Најмалку петмина загинати во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан

Image 2026 06 14 164255231.png

Најмалку пет лица загинаа, а 18 се ранети во одделни напади што Израел денеска ги изврши врз Бејрут и повеќе локации во јужен Либан, а како што се наведува во заедничкото соопштение на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Израел Кац, цел биле позиции на либанското милитантно движење Хезболах во јужните предградија на либанскиот главен град.

Како што јавува Ал Џезира, во нападите врз Бејрут загинале три лица, а 15 се ранети, додека во јужниот дел на Либан биле убиени две и ранети три лица.


Во заедничкото соопштение на Нетанјаху и Кац се наведува дека акцијата е изведена како одговор на ракетирањето на израелска територија.

Израелските медиуми пренесоа дека цел на нападот во Бејрут бил офицер за врски на Хезболах.

Израелската војска соопшти дека „прецизно ја погодила инфраструктурата на Хезболах“ во јужното предградие на Бејрут и наведе дека нападот уследил откако оваа организација лансирала воздушни цели кон Израел. Во соопштението се додава дека израелските сили ќе продолжат да делуваат со цел да ја отстранат секоја закана за Израел и за неговите војници, во согласност со насоките на политичкото раководство. 

Можете да прочитате

Швајцарците гласаа против воведување горна граница за населението 

Илјадници луѓе во Рим на сопернички анти и промиграциски демонстрации

Во Швајцарија денес референдум за предлогот за законско ограничување на населението на 10 милиони