Утрински Весник
Македонија

На „Магистрален пат“ во Кичево сообраќајка со три жртви

Soobrakajka.jpg
300x250 (7)

Рано утрово во 04.50 часот во ОВР Кичево е пријавено дека, на улицата „Магистрален пат” во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо” со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „фолксваген голф” со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот  К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „пежо”. На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

Ss1

Можете да прочитате

Ахмети му порача на Мицкоски да внимава што зборува !

Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ ја промашија изборната единица, дали знаат кој кандидат е носител на ИЕ 2?

Пендаровски доминира на мастер дебатата на МТВ