Утрински Весник
Македонија

На граничните премини Табановце, Пелинце и Богородица се чека и по повеќе од еден час

Granica.webp.webp

Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини со Србија – Табановце и Пелинце за влез во земјата се чека повеќе од еден час, а за излез половина час. На преминот Богородица на границата со Грција за влез и за излез од земјата се чека по повеќе од еден час, објави АМСМ на нивната веб страна. На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Можете да прочитате

Приведен 19-годишник од Кочани, правел експлицитни видеа од поранешната девојка и ги споделувал со трети лица

Неготинец фатен со „сканија“ со песок без документација

Рибар скокнал од чамец по веслата и не излегол од водата, „тигрите“ во потрага по него