Утрински Весник
Македонија

На ГП „Блато” приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница

20260110141327 big 730x400 41.webp.webp

На граничниот премин „Блато” на македонско – албанската граница, кај Дебар, од слобода е лишен албански државјанин баран со меѓународна потерница. 

– Денеска во 1:40 часот на граничниот премин „Блато” од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор и граничен премин „Блато”, на влез во државава, од слобода е лишен Ј.В. (44) од Република Албанија, бидејќи бил баран од страна на Интерпол Луксембург, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Лицето е предадено на Полициската станица во Дебар за натамошна постапка.

Деновиве на истиот граничен премин полициски службеници  од слобода го лишија А.Г.(28) од истиот пограничен албански град (Булќиза),  кој се сомничи, дека е сторител на кривично дело „изнуда“.

Можете да прочитате

Уапсен 19-годишникот кој удри пешак во Скопје и избега – „фиат пунтото“ одземено

Онколошките пациенти повторно предупредија: Недостигот на терапија не смее да стане правило

Полицијата санкционира 222 моторџии за само шест часа, 14 приведени поради безобѕирно возење