Утрински Весник
Македонија

На Денот на Републиката, Мицкоски во Крушево, Давкова на Пелинце, Гаши во Скопје

Mechkin Kamen.webp.webp

Централната манифестација за празникот 2 Август – Денот на Републиката, како и секоја година, ќе се одржи на 2ри Август во Крушево, на месноста Гумење, на Мечкин Камен. На оваа свеченост обраќање ќе има Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Оваа манифестација претставува значаен момент за сите граѓани на нашата држава каде ќе се оддаде почит на хероите кои ја обележаа нашата историја.
 
Претседателот на државата, Гордана Сиљановска Дафкова ќе го посети манастирот Свети Прохор Пчињски и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод на Пелинце. Нејзиното обраќање ќе биде посветено на историското значење на овој празник и на важноста од зачувување на националниот идентитет и традиции.
 
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија” и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод која ќе се одржи пред зградата на Собранието. Овој чин ќе биде симбол на почит и сеќавање на нашите предци кои ги поставија темелите на нашата држава.
 
Со слоганот „Борбата трае” сакаме да ја пренесеме пораката дека стремежот за напредок, слобода и благосостојба на нашата држава продолжува, потпирајќи се на историските основи и борбата на нашите предци.

Можете да прочитате

Уапсен гостиварец баран со потерница за издржување казна затвор

РКЕ утре ќе ја соопшти цената на парното

Пукал на семејна веселба и повредил три лица, приведен маж од кичевско