Утрински Весник
Балкан

На Црна Гора и се потребни најмалку милијарда евра за поглавјето за екологија во следните две години

Crna Gora.webp.webp

Министерството за екологија и одржлив развој на Црна Гора смета дека поглавјето 27 во пристапните преговори со Европската унија – Животна средина и климатски промени – ќе биде затворено до 2026 година со „силна политичка волја и меѓународна поддршка“.

„Реалноста на таа цел зависи од ефикасноста во спроведувањето на мерките и финансиската поддршка од фондовите на ЕУ и државниот буџет. Најпредизвикувачки мерки се управувањето со отпадот и водите и заштитата на природата“, велат од Министерството за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Тие проценуваат дека усогласувањето со европските стандарди во ова поглавје ќе чини над една милијарда евра, во зависност од специфичните потреби во одредени области.

Тоа е најкомплексното и најскапото поглавје во преговарачкиот процес со Европската унија. 

Планот за затворање на тоа поглавје за две години е на ниво на „револуционерен“ чин, изјави еколошкиот активист Александар Драгиќевиќ за РСЕ.

„Ако не направивме многу во изминатите дванаесет години, како очекуваме да завршиме се во следните две години и да го затвориме најскапото поглавје.

Тој е сепак, скептичен дека тоа ќе се случи, пред се поради високата сума на пари потребна за поглавјето. 

Можете да прочитате

САД загрижени за предлог законот за странски агенти во Србија

Родителите на бебињата закопани во близина на Вараждин биле членови на секта

Анкета на КОМС во Србија: Младите најмногу му веруваат на патријархот на СПЦ