Утрински Весник
Македонија

На “Богородица” се влегува и излегува на пет ленти – еве колку се чека

Uploads Thumbs Resize 800x420 652781.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На преминот Богородица се отворени пет ленти за излез од државата и пет ленти за влез во државата.

Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки. За излез од државата се чека околу еден час, информираа за МИА денеска од МВР.

Како што соопштија од Министерството, на граничниот премин Богородица во периодот од 10:00 часот вчера до 10:00 часот денеска влегле 4.470 македонски државјани, а излегле 2.442 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани влез во нашата држава оствариле 689, а 5.988 ја напуштиле нашата држава.

На граничниот премин Табановце се отворени пет ленти за влез во државата. Во периодот од 10:00 часот вчера до 10:00 часот денеска влегле 2.743 македонски државјани а излегле 2.246 македонски државјани. Во нашата држава преку овој граничен премин влегле и 2.515 странски државјани, а 3.866 ја напуштиле државата.

Можете да прочитате

Мицкоски: Набавени се 120 нови полициски возила за униформираната полиција 

Средба Николоски – Улусој: Имаме потенцијал за зголемување на економската соработка со Туркије

Предлог законот за ратификација на Договорот за изградба на железничкиот тунел меѓу Бугарија и Северна Македонија го помина комисискиот филтер