Утрински Весник
Македонија

На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час

Gp.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Табановце, од македонска страна, поради зголемена фреквенција има задржувања околу еден час. На остананите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Радиологија остана со неисправни КТ апарати, пациентите се пренасочуваат во две скопски болници

Муцунски по средбата во Софија: Кога ќе затвориме едно прашање со Бугарија, се отвора ново

Петрова-Чамова по средбата со Муцунски: Најдобрата гаранција се уставните измени и исполнувањето на договореното