Утрински Весник
Македонија

Најавените врнежи добредојдени за земјоделството

20241122100501 big 730x400 52.webp.webp

Локалните поројни врнежи што ги најавува УХМР од вторник, ќе бидат добродојдени за земјоделството, велат агрометеоролозите. Сепак, предупредуваат дека поради повисока релативна влажност во зоната на растенијата може да се создадат поволни услови за појава на болести и штетници. Затоа, потенцираат, е неопходна редовна контрола и заштита на посевите.

MK Summit

Според агрометеоролозите, временските услови во изминатиот период придонесоа за интензивен развој на есенските култури и на рано посеаните пролетни култури.


Садењето и сеидбата на пролетните култури се во тек, температурата за садење и сеидба е оптимална, а со поволна влажност е и почвениот слој што им овозможува на посевите да растат рамномерно.

-Појавата на нови врнежи од дожд е од големо значење за земјоделските култури, посебно за зголемување на влагата во почвата која би била во уште подобра состојба и со подобрен водно-физички режим за попродуктивен и поинтензивен раст и развој. Новите врнежи ќе бидат добродојдени за сите земјоделските култури, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

Тие препорачуваат, доколку почвените услови дозволуваат, земјоделските производители да почнат или да продолжат со изведување работи во поле.

-Се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и за заштита од нив. Земјоделците да внимаваат, во случај на појава на електрични празнења да не се престојуваат на отворен простор. 

Според УХМР, утре попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Можете да прочитате

Филипче за најавените протести на ДУИ: Правото на протест е загарантирано, но не смее да се злоупотребува

Филипче: Во СДСМ тече процесот за избор на најдобрите кандидати за локалните избори

Тошковски: Делото на најголемиот македонски великан Гоце Делчев нè потсетува дека љубовта кон Македонија се докажува со дела