Утрински Весник
Македонија
Img 7972

НАЈАВА ЗА НОВ СТУДЕН БРАН: Тој носи сув студ и силен северен ветер (над 60 км/час)!

Img 8331
Img 7972

Метео анализа на Славчо Поповски:

По краткотрајниот пораст на температурите и попуштање на студот, веќе за време на овој викенд, како и во почетокот од следната седмица, нашата територија ќе биде зафатена од нов студен бран од север, но овој пат без некои обилни врнежи. Само во сабота особено на планинските места ќе има услови за сосема слабо и краткотрајно провејување на снег.

Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од северозападен правец, кој ќе биде наизразен Долж Повардарието и во источните предели од државава. Повремено ветерот ќе достигнува брзина и од над 60 км/час.

За време на викендот, како и во почетокот од следната седмица повторно наутро ќе биде многу студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, понекаде тие повторно ќе се спуштат и под -10 степени, што значи дека ќе има појава на силен мраз.

Студено ќе биде  и преку ден со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени. Особено на повисоките  и на планинските места тие ќе останат под нулата.

Во Скопје и околината очекуваме слично време, студен и ветровит викенд. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -5 и -2 степени, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 2  и 4 степени.

Нема што да се каже, освен тоа што пред нас се вистински зимски денови, иако без врнежи од снег (сув студ).

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја