Утрински Весник
Македонија

НАЈАВА: Од понеделник (7.10.2024) стартува задоцнетото “Мини Лето”!

Meteoalarm.mk .png

Денес (недела) продолжува променливото време, претпладне претежно суво, додека во попладневните часови повторно ќе има повремени локални врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат пообилни и проследени со грмежи и засилување на ветерот.

И во делови од Скопскиот регион денес (недела) попладне ќе има повремен локален дожд, локално пообилен и проследен со грмежи и засилување на ветерот.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до околу 22 степени.

Од понеделник ќе имаме стабилизирање на времето, со постудени утра, додека максималните температури ќе бидат во поголем пораст, а исклучок ќе биде само среда кога ќе има услови за локален дожд.

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија