Утрински Весник
Спорт

МЗТ Скопје вторпат го среди Пелистер и дојде на една победа до одбрана на титулата

Mzt Pelister 1.jpg

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје го доби и вториот финален меч против Пелистер (80:75) на свој терен од серијата кој прв до три победи и поведе со 2:0. Серијата продолжува в сабота во Битола, каде со уште еден триумф МЗТ Скопје ќе биде старо-нов шампион на Македонија. Пелистер имаше одличен почеток, во осум минути направија огромни 22:8. Но домаќинот успеа да се соземе, да возврати и на полувреме да замине со предност (46:43). МЗТ Скопје беше екипата која подобро го почна второто полувреме. Пелистер се враќаше во игра, но не успеа да ја преземе целосно контролата и на крајот беше поразен. Танасковиќ во редовите на МЗТ заврши со 16 поени, а кај „зелено-белите“ Костоски постигна 17 поени.

Можете да прочитате

Германија го декласираше дебитантот Курасао

ФИФА ќе му го исплати целиот хонорар на сомалискиот судија

Хамилтон ја освои ГН на Каталонија со прва победа во Ферари