Утрински Весник
Спорт

МЗТ Скопје ги повикува навивачите да му помогнат во првиот полуфинален меч од АБА 2 лигата со Спартак

438854945 1024868979127580 3540250250058503963 N.jpg

Актуелниот македонски кошаркарски првак и учесник во регионалната АБА2 лига, МЗТ Скопје в сабота е домаќин на Спартак Суботица во првиот меч од полуфиналето од регионалното мнатпреаврување. Натпреварот од големо значење за МЗТ Скопје е закажан за в сабота од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“. Гостите од Србија имаат навистина квалитетен тим и МЗТ ќе мора да се покаже во најдобро светло за да ја оствари цеклта победа со поголема кош-разлика. За ова цел на скопјани потребна им е поддршка од публиката, па од управата на клубот се огласија со соопштение во кое ги повикуваат навивачите да дојдат во што поголем број и да помогнат во остварување на целта. Влезот ќе биде бесплатен!!!

Можете да прочитате

ПСЖ против Астон вила ќе играат за Суперкупот на УЕФА

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид