Утрински Весник
Македонија

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме

Logo Mzsv1.jpg

Интегрален текст од соопштение на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство:

Над 80 земјоделци од Свети Николе, денеска по завршувањето на средбата со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски потпишаа заедничка петиција до собраниската комисија за земјоделство, за итно носење на законот за изменување и дополнување на законот за земјоделско земјиште.

Заедно со земјоделците праќаме јасна порака, веднаш да се донесе овој Закон, кој го кочи опозицијата.

Станува збор за законска измена преку која се предвидува можност, земјоделците што имаат истечен договор, во периодот на изборниот процес, да не бидат избришани од ЕРЗС системот.

Вака предложените законски измени се доставени до Собранието и се чека на нивно усвојување од пратениците. Предложените измени, кои се во интерес на земјоделците, од неразбирливи причини се блокирани од страна на претседателот на собраниската комисија за земјоделство, не ставајќи ги овие важни измени во законот на дневен ред за разгледување на матичната комисија.

Денес во Свети Николе во вода паднаа сите лаги, а исплива вистината.

Во следните два ипол месеци договорите на земјоделците ќе бидат продолжени. Збор кој денес пред земјоделците го даде министерот Николовски и истакна дека во оваа насока секторите на министерството деновиве посветно работат со целиот капацитет.

Само сложно со вистината можеме да постигнеме резултати. Да успееме заедно овие вредни земјоделци, што посветено работат и произведуваат храна, да ги задржат земјоделските земјишта и да си ги добијат заслужените субвенции.

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош