Утрински Весник
Македонија

МЗШВ: Активно се работи за подигнување на електронскиот систем, базата на министерството е сигурна

МЗШВ: Активно се работи за подигнување на електронскиот систем, базата на министерството е сигурна

Електронскиот систем на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 12-ти овој месец беше цел на хакерски напад од меѓународна хакерска група „Black Byte“. Нападот предизвика блокирање на редовниот работен процес во министерството и оневозможување на тековните работни процеси, информираат од министерството за земјоделство.

dobivaj vesti na viber

МЗШВ, додаваат од таму, уште дента на нападот веднаш ги извести граѓаните, а траснпарентно изминативе денови даде одговор на сите новинарски прашања поврзани со хакерскиот напад.

Нападот, како што појаснуваат е пријавен во Министервото за внатрешни работи за понатамошно истражување и постапување, а превентивно поради сериозноста на нападот времено вон функција беа ставени сите системи на министерството.

„Со нападот извршено е оштетување, односно декриптирање на податоци од офис документи (word, excel, pdf), додека пак апликациите на министерството како на пример ЕРЗС системот, ФАДАН, системот за идентификација на земјоделски парцели и други апликации не се оштетени од овој напад, но превентивно веднаш по нападот беа исклучени и сега повторно се активни. Исто така архивата на министерството е оспособена и истата работи, ниту еден документ не е исчезнат или оштетен.

Вработените во секторот за информатички технологии на МЗШВ активно работат за целосно отстранување на проблемот. Поради превенција во моментот системот е делумно подигнат, односно како се отстрануваат проблемите етапно системот се чисти и се враќа во фунцкија“, истакнуваат од ова министерство.

Упатуваат извинување до граѓните поради, како што велат, неможноста навремено и брзо да ги вршат услугите, дополнително МЗШВ ќе ја информира јавноста за отстранувањето на проблемот и повторното подигнување на системот.

Можете да прочитате

Во септември обвинение за полициските службеници осомничени за пожарот во „Пулс“, најавува Коцевски

АХВ воведе мерки за заштита од болеста чума кај малите преживари и за Косово

Јован и Лилјана се годинешните младенци, кои ќе прават Галичка свадба