Утрински Весник
Македонија

МЖСПП: Со средствата од ЕИБ во Струга ќе се замени азбестно-цементната водоводна мрежа

8 8.jpg

Во рамките на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“ од Европската инвестициска банка и од Владата на Република Северна Македонија обезбедени се средства, а тие ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање како неповратни со склучен договор „Замена на Во рамките на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“ од Европската инвестициска банка и од Владата на Република Северна Македонија обезбедени се средства, а тие ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање како неповратни со склучен договор „Замена на азбестно-цементната водоводна мрежа во град Струга“.

Договорот е склучен помеѓу Министерството за животна средина и просторно планиарање и избраниот изведувач „Марковски К73“ ДООЕЛ од Струга. Замената на азбестно-цементната водоводна мрежа во градот, во согласност со договорот, ќе се одвива во следните 18 месеци, со што жителите на градот Струга ќе добијат поквалитетно водоснабдување, а со замената на азбестно-цементните водоводни цевки со нови висококвалитетни цевки во голема мера ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на водата, заштита на животната средина и ќе се намалат загубите на вода. Висината на инвестицијата е 76 милиони денари.


Со овие дополнителни 50 милиони евра на 100-те милиони евра предходно распределени од Владата се оди чекор понапред во зајакнувањето и подобрувањето на условите за живеење на сите граѓани на нашата држава, без исклучок, бидејќи средствата се достапни за сите општини во државата, без исклучок.

Степенот на реализација на овие средства е приближно 20 отсто од вкупната сума и во согласност со одобрената проектната документација и документацијата за набавка за реализација на проектите испратени од општините, а одобрени од проектната единица за реализација на МЖСПП, се очекува забрзување на динамиката на имплементација во наредниот период.

Можете да прочитате

Oтворен ден во Советот на јавните обвинители за кандидатите со завршена обука од 8-мата генерација на АСЈО

На собраниска седница гласање за новите членови на Советот на АВМУ

Студено утро, преку ден умерено до значително облачно