Утрински Весник
Македонија

МЗ: Нула толеранција за корупцијата во здравството

Ministerstvo za zdravstvo 1 1.jpg

Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури.

Реакцијата на Министерството е брза, принципиелна и недвосмислена, ставена во насока на заштитата на достоинството на пациентите и интегритетот на медицинските лица од јавното здравство.


Граѓаните имаат право на фер и достоинствен третман. Министерството не толерира корупција и ќе ги санкционира сите прекршоци за да ја зачува довербата во здравствениот систем.

Очекуваме институционална истрага и завршница од надлежните органи, со цел ефикасна борба против корупцијата. Ги повикуваме граѓаните да продолжат да пријавуваат преку веб алатката „Пријави неправилности“, додека институциите да продолжат постапуваат доследно и без селективност, соопшти Министерството за здравство.

Можете да прочитате

Трипуновски: Шест милиони денари за ревитализација на езерото „Младост” 

Филипче од Загреб: Социјалдемократијата е последниот бедем против неофашизмот во Европа

Градоначалникот Лимани постигна договор со Независниот синдикат за образование, наука и култура – Гостивар за исплата на К-15 за сите наставници