Утрински Весник
Македонија

МВР со кривична пријава против поранешниот градоначалник на Делчево

Krivicna prijava protiv poranesen gradonacalnik na delcevo za zloupotreba na sluzbenata polozba i ovlastuvanje image.jpg

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како градоначалник на општина Делчево, во 2023 и во 2024 година склучил два договори за јавни набавки со економскиот оператор од Кочани, во вредност од по 236.000 денари и двата со важност од една година, во кои за седум производи била понудена нереално ниска цена, односно за 12 пати пониска од другите понудувачи.

Пријавениот не побарал дополнително појаснување за таквите невообичаено ниски цени и наместо тоа, ги пречекорил границите на службената должност, го фаворизирал и му овозможил на правното лице да ги добие и двата договори за јавна набавка на стоки за потребите на општина Делчево. На тој начин овозможил на правното лице од Кочани да се стекне со имотна корист.


Можете да прочитате

ЛДП со поддршка за културните работници: Културата е темел на идентитетот и развој на општеството 

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Мајка на ученик нападнала наставничка на родителска во училиште во Аеродром