Утрински Весник
Македонија

МВР со детали за случајот со двегодишното дете повредено на новогодишната ноќ

Policija 4.jpg

На 01.01.2026 во 00:58 во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза” е пријавено дека кај нив во многу тешка состојба и со стран предмет во глава е донесено двегодишно дете од Скопје.

Полициски службеници излегле на местото и извршиле службен разговор со мајката Г.Д.(21), која појаснила дека на 31.12.2025 пред полноќ излегла пред дворот од куќата на подрачјето на Гази Баба со детето и гледајќи огномет слушнала звук, по што забележала крв од главата на детето.

Во полициска станица е извршен службен разговор и со таткото на детето М.А.(26).

Во 01:58 часот на 02.01.2026 детето починало, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на детето е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Залутан куршум погодил возило на Финец кај Бит Пазар

Уапсени 12 возачи кои возеле без положен возачки испит