Утрински Весник
Македонија

МВР со детали за несреќата кај Мавровка

Screenshot 20240708 154948 Instagram.jpg

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ излетал од патот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје, повредени се патник и возачот.

Автобус на ЈСП, движејќи се по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, излетал од коловозот во близина на клучката со улицата „Филип Втори Македонски“.

Инцидентот се случил во 14:50 часот и бил пријавен во СВР Скопје. Според информациите, еден патник и возачот, кој управувал со двокатниот автобус на ЈСП, се пренесени во болница за укажување на помош.

Полициски службеници на СВР Скопје веднаш излегле на местото на настанот.

Можете да прочитате

Лукаревска до Тошковски: Кој ќе понесе одговорност за институционалните пропусти и за изгубените животи од семејно насилство

Мицкоски: За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40% повисока плата

Силен ладен циклон од Џенова ни носи обилни врнежи, заладување и снег