Утрински Весник
Македонија

МВР предупредува: Ќе има кривичен прогон за подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии

Image 3 1.png

Последните случувања околу реставрацијата на црквата во гостиварското село Галате, го вклучи алармот во Министерството за внатрешни работи.

Во вчерашната комуникација, МВР објави дека најстрого ќе ги санкционира објавите на социјалните мрежи што ќе разгоруваат меѓуетничка и меѓрелигиска тензија.

„МВР апелира за воздржување од било какви тензии по однос на овој настан. Било кое подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии било на јавен простор или преку социјални медиуми ќе биде предмет на кривично-правен прогон“ се наведува во вчерашното соопштение на македонската полиција.

Инаку вчера пред општина Врапчиште протестираа граѓани од населеното место Галате кои самоиницијативно ја реставрираат црквата, по што десеттици луѓе влегле во општината а откако одбиле да излезат, двајца од присутните биле приведени, а по неколку часа и пуштени од полициската станица.

Можете да прочитате

Д-р Лилјана Ристевска избрана за прва жена претседател на Црвениот крст на Македонија

СДСМ: Нема пари за земјоделците – Владата на Мицкоски им должи 70 милиони евра

Речиси илјада бесправно изградени објекти за една година – 96 отсто се во приватна сопственост