Утрински Весник
Македонија

МВР поднесе кривична против Крешник Бектеши за вршење притисок врз полициски началник за време на изборите

Bektesi.jpg

Против ексминистерот за економија Крешник Бектеши поднесена е кривична пријава поради за кривично дело попречување на правдата.

Во полицискиот билтен за овој случај се наведува дека на 7 мај пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид, со која коментирал преземање законски полициски мерки и истражни дејства поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик.

Реакција за случајот стигна од неговиот сопартиец, поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, кој смета дека се работи за политички прогон.

„Заканите и политичкиот прогон од страна на владините партии и државните моноетнички институции се продолжение на стратегијата и напорите да се уништи моќната и легитимна албанска политичка репрезентација и да се замени со сервилни марионети, кои ја поткопуваат државната моноетничност во замена за дозвола за развој на маалски политички игри. Истовремено, служи за покривање на 300-те скандали во првите 30 дена, кои нѐ вратија 30 години назад со масовната неспособност и незнаење да ја водиме државата“, пишува Груби.

Можете да прочитате

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ