Утрински Весник
Македонија

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

1761568056 policija.jpg

Министерството за внатрешни работи соопшти дека дојавите за поставени експлозивни направи во повеќе основни училишта во Скопје и Куманово се лажни.

„Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во 28 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта,“ информираат од МВР.


Оттаму додаваат дека веднаш биле преземени соодветни мерки и активности, полициски екипи извршиле проверки на сите локации и утврдиле дека се работи за лажни пријави.

Ова е уште еден случај во серијата лажни дојави кои во изминатиот период предизвикуваат вознемиреност кај учениците, родителите и наставниот кадар, но и дополнителен ангажман на полициските служби.

Можете да прочитате

82 години Народен театар Битола, 12. Битола Шекспир фестивал

Констатирани 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ во изминатото деноноќие, уапсени 17 лица

Димитријевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага!