Утрински Весник
Македонија

АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Студени утра, потопли денови и магла по котлините

Vreme Magla 780x470 1 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) кое ќе биде распространето над поголем дел од Европскиот Континент и кај нас се до крајот на овој месец како и во првите денови од месец ноември во нашата Република Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со повремена мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Наутро и во претпладневните часови по котлините и по речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.


И во Скопје и околината следува стабилно и суво време со појава на магла и на ниска облачност наутро и во претпладневните часови.

Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу па и под нулата со што на повеќе места ќе има појава на мраз и на слана. Преку ден пак температурите ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 21 степен. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 3/4 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 18 степени.

Можете да прочитате

Хорор сцени во Крушево: 15-годишно девојче си игра и вперува пушка на 11-годишниот брат!

Македонец загина во тешка сообраќајна несреќа во Италија

Срцето на Скопје чукаше за Кочани