Утрински Весник
Македонија

МВР го објави крајниот рок за замена на возачките дозволи со новото име на државата

Image 214905.jpg

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година, се вели во соопштението на МВР

Од таму додаваат дека Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви.

„Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење и гужви. Поднесувањето документи и сликањето за воаачка дозвола на шалтерите се врши без потреба од закажување на сите пунктови за вадење на лични документи во управни служби на министерството за внатрешни работи“, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Меџити: Коцкањето во последните години стана рак на општеството

Избувна пожар во подрумските простории од зградата на Општина Тетово – Изгоре складиран изборен материјал

Наскоро нов продолжен викенд – Уште колку неработни дена остануваат до крајот на годинава?