Утрински Весник
Економија

84.000 вработени во администрацијата ќе добијат К-15

Denari Pari 1.jpg

Со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата, соопштија од владината прес служба.

„Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година.

Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените. Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата. На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права“ се наведува во соопштението од Владата.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ лаже дека ги решија проблемите на струмичките земјоделци – откупувачите сè уште ја диктираат цената

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата

Левица: ДПМНЕ манипулира за наводен економски успех, зад пропагандата остануваат поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра трговски дефицит