Утрински Весник
Македонија

МВР ќе предложи да не се плаќаат ниту административни такси за замена на возачките и собраќајните дозволи

Picture 930 660x487 1.jpg

МВР информира дека при замената на возачките и сообраќајните дозволи кои се уште се важечки, а се со името Република Македонија, до крајот на годинава нема да им се наплаќа цената за обрасците, но, оти во моментов, поради тоа што се уште не се направени измени на Законот за административни такси, на граѓаните им се наплаќаат такси по овој основ. Од МВР најавуваат промена и на овој Закон за граѓаните да не ја плаќаат ниту административната такса.  -Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно Решението за цените на обрасците што ги издава МВР, возачките дозволи и сообраќајните дозволи со името „Република Македонија“ кои се уште се важечки, се заменуваат во редовна постапка со нови со името „Република Северна Македонија“ и притоа на граѓаните не им се наплаќа цената пропишана за тие обрасци,  до 31 декември 2024 година, се вели во денешното соопштение од МВР. Но, појаснуваат од МВР, за истите документи пропишанa е административнa таксa која се наплатува, согласно Законот за административните такси кој се уште нема претрпено измени во тој дел. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе предложат измена на овој Закон, се со цел да не се наплаќа ниту административната такса.

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути