Утрински Весник
Македонија

Министерот за правда им посака успешна работа во Венецијанската комисија на Дескоска и Шасивари

10 scaled.jpg

Владата на предлог на министерот за правда Кренар Лога ги именуваше професорката Рената Дескоска за член на Венецијанската комисија и професорот Јетон Шасивари за заменик член.
Венецијанската комисија е орган на Советот на Европа и е составена од независни експерти кои се признати и познати по нивното искуство во демократските институции и по нивниот придонес во уставното право и политичкиот систем, со задача да дава правни совети во форма на правни мислења на нацрт закони или закони кои се веќе донесени во одредени земји.
Улогата на Венецијанската комсија е  да обезбеди правно мислење за нејзините земји-членки и особено да им помогне на државите кои сакаат да ги усогласат законите со европските стандарди и меѓународното искуство во областа на демократијата, човековите права и владеењето на правото.

Можете да прочитате

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено

Зајкова: Не сакам да бидам „Ванѓа”, но мислам дека и во нивиот КЗ застареноста ќе остане иста

Нема брза пруга, ќе има мигранти, велат од СДСМ