На 9 март во Македонска Филхармонија ќе се одржи концерт.
На овој концерт, според организаторот, ќе бидат презентирани две ремек- дела на Лудвиг ван Бетовен – Концертот за виолина и оркестар во Де-дур и Симфонијата број 7 во А-дур.
Премиерно ќе биде изведена и композицијата „Robert’s suite“ од македонската авторка Бете Илин!
Солистка е младата и талентирана виолинистка Леиа Зу од Кина, а диригентка е Ребека Тонг од Индонезија!