Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Муса Дембеле потпиша за Ал-Етифак

Муса Дембеле потпиша за Ал-Етифак
300x250 opst2

Саудискиот клуб Ал-Етифак потпиша договор со францускиот напаѓач Муса Дембеле и со шкотскиот дефанзивец Џек Хендри. Двајцата и официјално се приклучија на тимот од Саудиска Арабија, предводен од легендата на Ливерпул, Стивен Џерард. Треба да се официјализира потписот и на Џордан Хендерсон, досегашниот капитен на Ливерпул, кој исто така ќе го засили Ал-Етифак.

dobivaj vesti na viber

Дембеле беше слободен играч откако му истече договорот со Лион. Тој се обврза на верност кон Ал-Етифак до летото 2027 година. Минатата сезона искусниот напаѓач забележа 28 настапи за Лион во сите натпреварувања и постигна три гола.

28-годишниот Хендри пристигнува од белгискиот клуб Клуб Бриж, за кого минатата сезона одигра само девет натпревари. Тој исто така имаше неуспешен период на позајмица во Кремонезе.

Шкотланѓанецот ги помина медицинските прегледи и потпиша со Ал-Етифак за 6,5 милиони фунти.

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона