Утрински Весник
Македонија

Муртезани назначен за главен преговарач со ЕУ

Murtezani.webp.webp

На денешната владина седница министерот за европски прашања, Орхан Муртезани е назначен за главен преговарач со Европската Унија за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, соопштија од Министерството за европски прашања.

За заменик на главниот преговарач е назначена заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков.

На оваа седница, се наведува во соопштението, задолжено е Министерството за европски прашања да подготви нова Одлука за воспоставување на структура за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври