Утрински Весник
Спорт

Мукаетов: Очекувам Македонија да покаже колку го сака ракометот

Мукаетов: Очекувам Македонија да покаже колку го сака ракометот

Македонија е една од четирите држави во кои во следните две недели ќе се одигра Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, а кое беше официјално отворено со прес-конференција, на која беа челниците на РФМ.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, потенцира дека е голема чест и одговорност што успеале да донесат едно ЕП во главниот град на Македонија.

„Во последните 15 години често бевме дел од големите натпреварувања, но секогаш бевме како навивачи или членови на нашата делегација. Сега, конечно, имаме можност да донесеме едно европско првенство овде, во нашиот главен град, во оваа прекрасна сала. Тоа е голема чест и голема одговорност. Благодарност за претставниците на медиумите и на целата јавност, на АМС и на ракометните работници, што заедно одработуваме нешто што ќе остане запаметено. Би сакал особено да му се заблагодарам на тимот од РФМ за ова Европско првенство да го претставиме на едно највисоко ниво. Сега треба да го потврдиме сето она што го градевме цело ова време, очекувам сплотеност и заедништво, македонската јавност да покаже колку ги сака спортот и ракометот, да покажеме дека можеме да се справиме на сите полиња, како организациски така и спортски“, изјави Мукаетов.

Потоа Мукаетов преку видеоврска им се обрати на жолто-црвените ракометарките, кои го следеа настанот во својот хотел.

„Како што се договоривме, верувајте, прво, во себе, во тимот, во Македонија“, им порача Мукаетов.

Македонија својот прв меч на ЕП ќе го одигра утре против Франција, а во нашата група се уште Романија и Холандија.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ