Утрински Весник
Спорт

Мухова спаси меч-топка, па ја доби „војната“ со Сабаленка за прво гренд слем финале

Мухова спаси меч-топка, па ја доби „војната“ со Сабаленка за прво гренд слем финале

Чехинката Каролина Мухова се пласираше во своето прво гренд слем финале, откако во луда битка од 3 часа и 17 минути, ја изненади втората носителка и шампионка од Австралија опен, Белорусинката Арина Сабаленка со 7:6(5)/6:7(5)/7:5. Во големото финале на Ролан Гарос, таа ќе се судри или со актуелната шампионка и светска тенисерка број 1, Полјачката Ига Швјонтек или со бразилското изненадување, Беатриз Хадад Маја.

dobivaj vesti na viber

Во неверојатно израмнет меч, со многу пресврти, но и многу неизнудени грешки, Сабаленка беше на чекор од победата, кога поведе со 5:2 во третиот сет, и дури дојде до меч-топка. Но, Мухова успеа да се спаси, да направи два брејка, и да се пласира во финалето, нејзин најголем успех на гренд слем турнирите.

26-годишната Мухова во моментов е на 43. место на ВТА листата и во својата кариера има само една титула, Кореја опен во 2019 година, по што повеќе пати паузираше од тенисот поарди низа повреди.

Можете да прочитате

Потпишан најголемиот договор во историјата на спортот

Мекларен го освои шампионатот за конструктори за прв пат по 1998 година

Баерн го повлекува бројот 5 на Бекенбауер