Утрински Весник
Македонија

Муцунски во прва работна посета на Австрија

1947b6d0 967d 4a69 A388 29505b6e6522 1 E1721805825281.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, ќе престојува во прва работна посета на Австрија.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари билатерална средба со сојузниот министер за европски и надворешни работи, Александар Шаленберг, на која ќе бидат разгледани можностите за унапредување на билатералните односи, со посебен фокус на економската соработка и бизнис релациите. Воедно, ќе стане збор и за нашиот процес за интегрирање во Европската унија.

За време на посетата, Муцунски ќе се сретне и со претставници од нашата дијаспора во Австрија.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание