Утрински Весник
Македонија

Муцунски во Истанбул ќе учествува на првиот состанок на Балканската платформа за мир

Mucunski.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе учествува на првиот состанок на Балканската платформа за мир, што ќе се одржи во Истанбул, на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.

Муцунски, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ќе има обраќање на состанокот, во кое се очекува да ги адресира клучните прашања за регионалната соработка, со акцент на економскиот развој, транспортната поврзаност, енергетиката, заштитата на животната средина и културната соработка.


На настанот е најавено присуство и на министрите за надворешни работи од земјите од регионот на Западен Балкан.

Новата иницијатива, покрената од министерот Фидан, се додава во соопштението, има цел да придонесе кон регионален мир, стабилност и благосостојба преку заеднички пристап во изнаоѓање на регионални решенија за регионални прашања.

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата