Утрински Весник
Македонија

Муцунски-Вархеји: Проширувањето на ЕУ со Западен Балкан – клуч за регионалната и европската безбедност”

Mucunski Varheji2.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, во Луксембург.

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјава.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следи ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина”, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за Планот за раст на ЕУ, оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Можете да прочитате

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт

Трет ден продолжува  стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер