Утрински Весник
Македонија

Муцунски утре ќе учествува на бизнис форум во Истанбул

Mucunski.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, утре во Истанбул ќе учествува и ќе се обрати на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција.

Форумот, организиран од владите на двете земји, ќе ги обедини претставниците на институциите на највисоко ниво и бизнис-заедниците од двете држави, со цел унапредување на економската и трговската соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства. На настанот се очекува учество на голем број компании од двете земји, кои ќе реализираат B2B и B2G средби.


Бизнис форумот ќе го отворат министерот Муцунски и неговиот хомолог, министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат.

На маргините на форумот, министерот Муцунски ќе оствари билатерална средба со министерот Болат, на која се очекува да стане збор за економските односи меѓу двете земји, можностите за натамошно зголемување на трговската размена, привлекувањето инвестиции, како и за унапредувањето на севкупната економска соработка.

Настанот претставува значајна можност за продлабочување на економските врски меѓу Северна Македонија и Турција, како и за воспоставување нови деловни контакти и партнерства меѓу компаниите од двете држави.

Можете да прочитате

Алиу: „Има пациенти, кои, за жал, не се веќе меѓу нас, а биле и се на листата на чекање“

Перински му одговори на Ѓорѓиевски за барањето од ЗЕЛС: Прво соберете си ги 100-те милиони евра од данок на имот, па барајте повеќе пари од државата

Алиу: Најдобро и најевтино е новиот клинички да биде кај 8 Септември