Утрински Весник
Македонија

Муцунски се сретна со бугарската колешка, Велислава Петрова

23 image 2026 05 22 at 16.14.24.jpeg

На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова.

На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Во таа насока министерот Муцунски ја нагласи потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, кое го кочи процесот на отворање преговори со Европската Унија, потврдувајќи ги позициите на Владата и укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори.


Посебен акцент беше ставен на значењето на Коридор VIII и потребата од забрзување на активностите поврзани со отворањето на граничниот премин „Клепало”, како важен дел од регионалната инфраструктурна и економска поврзаност.

Министерот Муцунски го отвори и прашањето за почитувањето на правата на македонското малцинство во Бугарија, нагласувајќи ја потребата од доследно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Можете да прочитате

Во понеделник наутро штрајк на грчките царински службеници на граничните премини

Неисправна е и водата во општина Пласница

Мециновиќ: Сите стратешки објекти да ги чува АРМ – Левица ќе предложи закон за критична инфраструктура