Утрински Весник
Македонија

Муцунски потврди дека утре почнуваат преговорите за формирање влада меѓу ВМРО ДПМНЕ и Вреди

Mutsunski.png

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, вечерва за Телевизија Алсат најави дека утре напладне очекуваат да се одржи првата средба на работната група на ВМРО-ДПМНЕ предводена од партискиот лидер Христијан Мицкоски и претставниците на коалицијата „Вреди“ на партиите на Албанците. На средбата, како што рече Муцунски, ќе стартуваат разговорите меѓу двата политички субјекта за евентуалната соработка во рамки на идната влада. -Утре ќе почнат разговорите. Секако, уверен сум дека нема да се дојде до заеднички јазик веднаш на првиот состанок. Ќе се претстават позициите на двете страни, ќе видиме какви ќе бидат гледиштата, но доколку имаме меѓусебна добра верба, доколку сме реални за очекувањата и доколку сме фокусирани на креирање политики во интерес на граѓаните да ја вратиме надежта во оваа безнадежна држава, безнадежноста којашто беше, јас би рекол, главен симбол на последните седум години од владеењето на СДСМ и ДУИ, тогаш ќе најдеме заеднички јазик. Оптимистички е да се рече дека утре тоа ќе го успееме, но верувам дека брзо ќе најдеме конкретен план, изјави Муцунски. ВМРО-ДПМНЕ кој освои 58 пратенички мандати на парламентарните избори веќе презема конкретни мерки и без поголем политички субјект да може да стигне до бројката од 61, бидејќи според Муцунски сè повеќе пратеници во моментов сакаат да бидат дел од мнозинството.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница