Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Посетата на ОАЕ носи конкретни бенефити за граѓаните

Mucunski 11.4.2025.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ја продолжува работната посета на Обединетите Арапски Емирати, како дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Во текот на денешниот ден, беа остварени повеќе средби со претставници на стопанските комори, инвестициски фондови, како и со поединечни претставници на големи корпорации кои изразија интерес за потенцијални инвестиции во државата. Разговорите се фокусираа на можности за инвестиции во инфраструктурата, туризмот, како и во рамки на технолошко-индустриските развојни зони.


„Нашата цел е јасна – повеќе, но и подобро платени работни места во нашата држава. Во наредните денови ќе објавиме една исклучително позитивна вест, која ќе значи многу за секој наш граѓанин, за економијата, трговијата и туризмот”, изјави министерот Муцунски.

Тој додаде дека посетата носи конкретни и опипливи резултати и дека Владата продолжува со истата динамика и посветеност во следните денови од посетата.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна